вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Доста му било чекање: Патник ја отвори вратата на авионот и излезе преку крилото (ВИДЕО)

Доста му било чекање: Патник ја отвори вратата на авионот и излезе преку крилото (ВИДЕО)

Патник на летот на компанијата Рајанер од Велика Британија за Шпанија, на кого изгледа му било доста од чекање да излезе од авионот после слетување, ги шокираше сопатниците кога го отвори излезот за вонредни ситуации и се обиде да излезе преку крилотo на авионот.

Инцидентот се случил на први јануари, 30 минути откако авионот слетал на аеродромот во Шпанија, на летот од Лондон, каде летот исто така доцнел.

Патникот бил наговорен да се врати назад во авионот, а повикана била и полицијата. Еден од патниците, Фернандо дел Ваље Виљалобос, го сними инцидентот откако слушнал како тој човек говори дека му е доста од чекање.

Полицијата соопшти денеска дека покренале обвинение против мажот поради загрозување на безбедноста и дека е потврдено дека тој не е државјанин на Шпанија, туку на Полска.

Рајанер соопшти дека инцидентот сега е во рацете на шпанските власти.