Познатиот британски тренер на кучиња, Вил Атертон објаснува која раса на кучиња е најлесна за дресирање.
Според него, победникот е јасен.
-Тоа е едноставно. Не само што мислам дека тие се најлесни за тренирање, туку и расата што мислам дека повеќето луѓе треба да ја имаат ако сакаат куче е лабрадор ретривер, вели Атертон.
Речиси и да не постои куче за кое послободно може да се нарече семејно куче од златниот ретривер. Голема раса, со убава бела или жолтеникава боја, лојална на своите сопственици и во исто време многу разиграна.
Слично на лабрадорите, златните ретривери уживаат во играњето игри кои вклучуваат скокање, трчање, тркалање во тревата, како и пливање. Освен со луѓето, овие кучиња добро се согласуваат и со други животни.