сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дваесет начини како да заштедите електрична енергија

Дваесет начини како да заштедите електрична енергија

Со зголемувањето на сметките за електрична енергија, многу домаќинства бараат начини да се намали потрошувачката на енергија. Со промена на некои мали навики драстично може да се намали потрошувачката на енергија.

  1. Да се затворат вентилите на радијаторите во собите што не се користат.
  2. Да се постават термостатски вентили и термостатски глави
  3. Да се испушти воздухот од радијаторите два пати во годината за одржување на ефикасноста.
  4. Да се вгради дигитален термостат за греење и ладење за прецизно контролирање на температурата.
  5. Апаратите денес се направени да трошат помалку енергија. Секогаш можете да ја проверите неговата етикета со класа на потрошувачка пред да го купите.
  6. Најдобрата практика е се уште кога потрошувачот не е во употреба да се исклучи. Тоа сигурно ќе покаже на значително намалување на сметката за електрична енергија.
  7. Користете соларна енергија. Сончевата енергија може да се користи за производство на енергија за многу работи, како на пример за топла вода, осветлување на различни делови од работното место и за полнење на мобилни и преносни уреди.
  8. Ќе се заштеди енергија, преку намалување на температурата на вашиот бојлер. Многу пати грејачот работи само за одржување на температурата на водата во бојлерот и ја затоплува многу повеќе отколку што некогаш ќе ја користите.
  9. Ќе заштедите енергија и кога ке го програмирате термостатот кога да се пали и кога да се гаси односно да се исклучи кога ќе си легнете или пак кога не сте дома.
  10. Ако сакате економично греење тогаш потребно е да инсталирате нов електронски, автоматски термостат за вашиот котел. Со овој термостат можете да ја контролирате температурата и кога не сте дома, за кога ќе се вратите вашиот дом ке ја има посакуваната температура.
  11. Елиминирајте ја непотребно потрошената енергија.
  12. 10% од сметката за струја троши осветлувањето во вашиот дом. Како еден од најголемите потрошувачи се светилките. Ако ги замените светилките ќе заштедите на енергија. На пример ако замените една светилка од 60 вати со една светилка од 30 вати ќе заштедите на електрична енергија. Исто така заштедете на електрична енергија ако не сте во соба, треба да го изгаснете светлото. Во поново време популарни се LED светилките, тие заштедуваат повеќе електрична енергија од обичните а ја даваат истата светлина а во некои случаеви и подобра.
  13. Загревањето на вода во домот односно во бојлерот е втор по големина потрошувач на електрична енергија. Прв начин е да се намали притисокот на топлата вода во тушот или чешмата, додека вториот начин е да се намали температурата на бојлерот. Со овие два начини се заштедува на електрична енергија.
  14. Соларните бојлери не се нова технологија, тие на пазарот се повеќе години и заштедуваат многу повеќе електрична енергија од обичните.
  15. Што се однесува до бојлерите, една од опциите е да се замени постоечкиот бојлер со нов бојлер во зависност од потребите од системот за греење што го имате инсталирано во вашиот дом. Бојлерот рабори 24 часа дневно за да ја загрее водата, а понекогаш и по неколку пати во денот во зависност од потребите (за туширање, миење на садови итн ). Системите кои се користат веќе со децении во Европа ја загреваат водата само кога е потребно. На почетокот овие системи се скапа инвестиција, но имаат брз повраток на истата бидејќи подоцна овие системи ги заштедуваат вашите пари односно вашата сметка за електрична енергија не е многу висока.
  16. Монтирајте тајмер на вашиот бојлер. Тајмерот служи кога водата во бојлерот ке се загрее да го исклучи греачот и со тоа ќе заштедите на електрична енергија.
  17. Користете повеќе ладна вода додека перете или користете топла вода со пониска температура . Така ќе заштедите од 2 до 4 % од енергијата.
  18. Греењето во вашиот дом во зима често може да доведе до огромни загуби на електрична енергија. Кога си легнувате во текот на ноќта, намалете ја температурата. Наутро кога станувате повторно вратете ја температурата. Со ова заштедувате на електрична енергија.
  19. Ако сте тип на човек кој заборава да ја намали температурата во текот на ноќта, или пак кога излегувате за на работа тогаш треба да инсталирате неделен дигитален тајмер кој може да ја прилагоди промената на температурата на онаа вредност која ќе му ја зададете.  Со инсталирањето на неделниот дигитален тајмер ќе се задржи температурата во вашиот дом на посакуваното ниво и преку ден и преку ноќ. Неделниот дигитален тајмер ќе ги намали вашите сметки за електрична енергија до 10%.
  20. Инсталирајте изолации на таванот и на ѕидовите, променете ги прозорците и вратите за да ја зачувате посакуваната топлина во вашиот дом.