Денот на вљубените е еден од празниците што е општо прифатен во целиот свет, особено кај помладите генерации.
На истиот датум, православните христијани го слават Свети Трифун, заштитникот на лозата.
Сепак, Денот на вљубените е особено популарен меѓу младите, па многу луѓе се обидуваат да ги израдуваат оние кои го сакаат или се заљубени во тој ден со разни подароци. Од дамнешни времиња постои верување дека една боја е симбол на љубовта и овој празник и дека е многу важно да имате парче накит или облека во таа боја, за да ве придружува среќата во љубовта до следниот ден на вљубените. .
Се работи за црвената боја. Имено, се верува дека оваа боја на страст им носи среќа на заљубените, но и срцето најчесто го цртаме како црвено, што го потврдува значењето на ова верување. Старото верување кое се практикува во повеќето земји во кои овој празник се слави уште од античко време, вели дека денес девојките и момчињата дефинитивно треба да носат барем некој црвен детаљ, така што среќата во љубовта би ги придружувала до следниот ден на вљубените.
Сите варијации на црвено влегуваат во игра, вклучувајќи ги и оние темни нијанси како бордо. Се верува дека црвената боја им носи среќа на оние кои немаат партнер или не се среќно заљубени, но и на оние кои се во среќни врски. Доколку оние кои се сами денес носат нешто црвено од гардеробата или некој детаљ, постои верување дека веројатно ќе ја најдат својата „сродна душа“ до следниот ден на вљубените. Црвената боја го „подигнува“ расположението и дава поголемо чувство на самодоверба, симбол е на радост и страст, затоа задолжително облечете нешто црвено денес и уживајте во Денот на вљубените.