среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ЕСКОБАР ОД ФАКУЛТЕТ: Овој студент успеал да направи нарко царство за само три години (ВИДЕО)

Во најпрофитабилниот период заработката била и до 40.000 долари месечно. Проблемите почнале кога станале зависници.
ЕСКОБАР ОД ФАКУЛТЕТ: Овој студент успеал да направи нарко царство за само три години (ВИДЕО)

На една обична студентска забава кокаинот се делел на сребрен послужавник, а корпичките биле полни со дрога во облик на пилули.

Дрогираните студенти обожавале да се фотографираат не креветот на кои биле фрлени 100.000 долари, како и со оружјето на организаторот на забавата Ленс Барбарас, кој во работата го вклучил и својот брат Лендон.

Тој работел со уште дилер од универзитетот, Даглас Дод, кој работата со таблетите ја разбил за само три години.

Третиот член на овој тим, Џастин Нокс, борач од Камберленд универзитетот,  уапесен не многу долго време после оваа забава во 2009 година и тоа бил почеток на крајот за колеџ нарко- дилерите.

Дод се објави во книгата „Генерација Окси“, каде опишува како ја направил нарко империјата, која му носела 40.000 долари месечно.

Со само 17 години, Дод е уапсен поради поседување марихуана, па морал да се преориентира на таблетите против болки „Оксикодон“, кои не се покажуваат на тестовите за дрога.

Толку бил понесен со новата дрога што дури почнал и да ја продава. Не го очекувал успехот кој го доживеал. Купил 100 пилули за осум долари по парче и ги продавал во рекорден рок.

Наскоро почнал да продава и по 2.000 пилули месечно и првиот месец заработил 5.000 долари. Набрзо се здружил неколку пријатели и во најпрофитабилниот период заработувале 40.000 долари месечно.

Но како поминувало времето станале зависници, па проблемите почнале да се редат. Дод во 2007 година дипломирал, а веќе во 2008 година се фотографирал со автоматска пушка како цели кон минувачите.

Во октомври 2009 година Дод е уапсен со своите соработници и во таа прилика запленети биле 100.000 долари во кеш и 50.000 долари вредни пилули „Оксикодон“/

Дод прифатил да соработува со властите и добил 6 години затвор, додека Ленс е осуден на 15 години затвор.