Велигден е се поблиску и поблиску, а има толку многу техники за бојадисување јајца што мора да ги пробате.
Доколку сакате да пробате поинаков начин на украсување оваа година, ви предлагаме да го направите со ориз. Се што ви треба се: ориз, течна боја за јајца, три пластични чаши и чинија.
Упатство:
Поделете го оризот во неколку чаши. Во секоја ставете неколку капки боја и измешајте. Потоа додадете го јајцето во саканата боја, покријте со друга чаша или чинија и протресете.