Музиката што сакате да ја слушате, гардеробата што ја носите, начинот на уредување на ентериерот или начинот на кој се поздравувате, кажуваат нешто повеќе за вашата личност. Исто така, позицијата за спиење што ја избирате открива на каков тип на личност припаѓате.
За разлика од видот на музика или гардероба што свесно ги избираме, позата во која спиеме е нашиот несвесен избор што се случува за време на спиењето.
Истражувањето покажа дека пози во кои спиеме се исклучително поврзани со одредени особини на личноста, преку кои можеме да научиме многу интересни работи за човечкото тело и навиките за спиење.
Во продолжение прочитајте кои се позите во кои спиеме и што велат тие за нашите карактеристики.
ФЕТУС
Лежите свиткани на страна. Колената се свиткани високо кон градите, а рацете се собрани во лактите.
Позата наречена фетус е највообичаената положба за спиење која ја претпочитаат двојно повеќе жени отколку мажи. Ако оваа поза ви е омилена, на прв поглед изгледате како срамежлива личност со тежок карактер, но кога луѓето подобро ќе ве запознаат, вие всушност сте чувствителна личност. Колку повеќе време поминувате со луѓе, станувате поотворени и порелаксирани.
Совет: Ако спиете во фетус положба и сакате да имате поздрав сон, советот е да ставите перница меѓу колената бидејќи тоа ќе изврши помал притисок врз мускулите и грбот.
„Оваа поза може да му сигнализира на нашиот нервен систем дека сме под стрес или дека не е безбедно да заспиеме. Наместо тоа, се препорачува спиење во отворена положба бидејќи помага да се отвори областа на белите дробови, што им овозможува на луѓето да дишат длабоко“, советува Елина Винел, експерт за спиење од Австралија, и додава дека би било добро да се избегнува спиење во фетус положба.
ВОЈНИК
Спиете на грб, нозете се исправени, а рацете се блиску до телото.
Ако спиете на грб со правилна положба на телото и рацете надолу, тогаш дефинитивно припаѓате на групата војник. Луѓето кои спијат во оваа положба се тивки, воздржани и имаат големи очекувања и од себе и од другите. Спиењето во оваа положба може да предизвика непријатно ‘рчење, како и спиење што не е добро за здравјето.
Совет: Ако претпочитате да спиете во оваа положба, треба да обрнете внимание на душекот на кој спиете. Затоа е важно да изберете душек со поцврста површина што ќе ви биде добра потпора за грбот при спиење.
„Добро е да спиете на грб со главата, вратот и горниот дел од грбот во малку подигната положба. Тоа ќе ви обезбеди одмор за рамената и грбот, а исто така помага кога желудочната киселина се враќа во хранопроводот“, вели експертот за спиење д-р Марк Т. Браун.
СЛОБОДЕН ПАД
Спиете на стомак, а главата и двете раце се на перницата.
Кога спиете на стомак, со главата свртена на едната страна и рацете околу перницата, тогаш спиете во позиција наречена – слободен пад. Ако припаѓате на група луѓе кои сакаат да спијат во оваа положба, вие сте многу комуникативни, екстровертни, директни и чувствителни. Не ви се допаѓа да ве критикуваат, брзо да донесувате одлуки и не преферирате екстремни ситуации.
Од здравствен аспект, оваа поза е најлош избор за спиење.
„Спиењето на стомак е најлош избор. Ова врши притисок врз мускулите на главата, вратот и вилицата, а исто така може да го ограничи долниот дел на грбот и карлицата. Замислете цедење влажна крпа, тоа се случува со вашите мускули и зглобови додека спиете на стомак“, вели д-р Ерлих.
МОРСКА ЅВЕЗДА
Спиете на грб, нозете се исправени, а двете раце се кренати и се потпираат на перница.
Ако спиете на грб со двете раце кренати околу перницата, вие сте личност која е секогаш подготвена да им помогне на другите и знае да слуша, што ве прави одличен пријател. Еден од недостатоците на спиењето во оваа положба е можноста за ‘рчење, како и лош квалитет на спиењето.
Совет: За поздрав и поквалитетен сон, се препорачува да ставите перница под колената, со цел да го намалите притисокот врз половината.