Германската автокомпанија Фолксваген најверојатно ќе го промени своето препознатливо лого.
Гигантот од Волсбург сака да го усогласи својот визуелен идентитет со промената на автоиндустријата кон електрични возила.
Директорот на Волксваген Јохен Сенгпил најави деби на новото лого за следната година.
Главната идеја е новата слика на логото да биде разнобојна со што компанијата да ја оттргне својата слика како „премногу германска“.
Секако, на овој чекор на автокомпанијата е поради лошата слика која компанијата ја има во јавноста по дизел скандалот. Волксваген во наредните месеци ќе избере креативна агенција која ќе треба даде идеи за новото лого.
Меѓутоа, со оглед на препознатливоста на актуелното лого, тешко е да се очекува оти Волксваген потполно ќе го промени визуелниот идентитет, освен мал футуристички редизајн.
Нешто слично направи и Тојота со синкаст ефект на своето стандардно лого на електричните возила.