Некогаш се носел поинаков накит, а тоа најдобо го докажува необичниот веренички прстен кој никому не му се допаѓа.
Една жена од Америка во група на Фејсбук во која луѓето објавуваат фотографии од необичен накит, објавила своја фотографија од прстенот кој татко ѝ ѝ го подарил на мајка ѝ.
Имено, не станува збор за обичен пстен, туку за нешто поинакво, со голем дијамант кој личи на квака за врата.
-Со овој прстен татко ми ја запросил мајка ми во 80-те. Не знам колку карати има, но сакам да го нарекувам „уништувач на џемпери“ – напишала таа и додала дека го добила кога наполнила 18 години.
Луѓето коментирале дека е грд и ја прашале дали татко ѝ ја мрази мајка ѝ штом ѝ подарил вакво нешто?