Жител на градот Тампа, Флорида, САД, официјално е запишан како човек со најдолгите вештачки нокти во Гинисовата книга на светски рекорди.
Американецот Одилон Озар успеал „да ги надгради“ своите нокти за 121 сантиметар. Секој од нив е обоен во сино и виолетово. За да научи да го прави тоа, тој земал часови кај својата пријателка од градот, Шаниква, инаку искусна стилистка. Озар, според неговите кажувања, зел повеќе од 200 часа кај неа.
-Откако еднаш бев примен в болница по одлепувањето на ноктите, лекарите ми кажаа дека на еден прст никогаш веќе нема да расте нокт. Но, одев против тие предвидувања и успеав да си го вратам ноктот со помош на алтернативна медицина – реики, акупунктура и кристали, нагласува Озар.
Ова е втор рекорд поставен од Озар. Во 2018 година, тој изработи цилиндер-шапка висока 4,8 метри, што исто така влезе во Книгата на Гинисовите рекорди.
Озар сега работи на највисоките потпетици во светот, како и на најголемата колекција на вештачки веѓи.
Што се однесува од најдолгите вистински нокти во светот, рекордот го држи 82-годишниот Шридхар Чилал од градот Пуне, Индија. Тој 2015 година влезе во Гинисовата книга со своите 1,97 метри долг нокт, што му растеше на палецот од левата рака. Лани Индиецот си ги исече ноктите првпат по 66 години. (МИА)