петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Илјадници шокирани откако момче откри таен знак на чоколадото Тоблероне, никогаш порано не го забележале

ФОТО: Илјадници шокирани откако момче откри таен знак на чоколадото Тоблероне, никогаш порано не го забележале

Десет годишно момче шокираше илјадници луѓе откако забележа скриен симбол на амбалажата на чоколадото Тоблероне, каков што повеќето луѓе никогаш досега не забележале.

Неговата мајка откри дека момчето забележало „тајна мечка“ во внатрешноста на сликата на швајцарските планини лево од зборот Тоблероне.

-Мојот син го доби првото Тоблероне денес. „За што е мечката?, ме праша. Јас: „Која мечка?“, напишала на социјалните мрежи мајката Стефани.

-На денешна возраст дознав дека има мечка во логото на Тоблероне, насмеано рекла мајката.

Оригиналната објава беше споделена на Фејсбук во неделата, а не помина долго пред илјадници луѓе да кажат дека и тие никогаш не ја забележале мечката.

-71 година, 50 божиќни поминати со Тоблероне и по пребарувањето на пакетот, конечно ја најдов мечката! Твојот син е брилијантен, напиша еден човек.

Огромен број луѓе напишале дека по нејзината ја забележале мечката, за која до тогаш не знаеле дека постои.