Ешли Вастекевиц речиси една година била мета на малтретирање од страна на единаесет годишно момче од соседството.
Тој ја навредувал, нарекувал со погрдни имиња, а потоа станал и агресивен, ја туркал од велосипедот и нејзиниот живот го направил пекол.
После еден од неговите напади, Ешли морала и во болница. Локалниот фраер е дури и обвинет за напад, но неговото семејство негирало дека го малтретирал седум годишното девојче.
-Се чуствуваше како никој да не ја сака, како никој да не се грижи за неа. Беше осамена, се плашеше сама да излезе од куќата и целото лето го помина дома, раскажува нејзината мајка Кристин.
Кристин не можела тоа повеќе да го поднесе и на социјалните мрежи отворила страница „Правда за Ешли“, каде молела за помош и совет. Се надевала дека некој со сличен проблем ќе одговори и ќе и каже што да прави, но не можела ни да сонува кој ќе им излезе во помош.
Приказната за малата Ешли стигнала до локалниот мото клуб. Се собрале и се одлучиле да и помогнат.
-Не веруваме во малтретирање. Никој не би требало да биде малтретиран. Одлучивме да покажеме дека Ешли е сакана и дека има луѓе на кои им е важна, изјави Џејмс Дингмон од американскиот мото- клуб.
Моторџиите, Ешли и нејзината мајка се сретнале кај блиското игралиште, каде девојчето им ја раскажала својата приказна. После тоа, целата група моторџии ја испратиле Ешли до куќата.
Додека се враќале, застанале и пред куќата на момчето кој ја малтретирал, со цел да му стават до знаење дека Ешли не е сама.
-Веќе не се плашам, извикала Ешли.