среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Мегајахта на руски милијардер вредна 250 милиони долари се паркираше во Дубровник

ФОТО: Мегајахта на руски милијардер вредна 250 милиони долари се паркираше во Дубровник

Мегајахтата „Ана“ вплови во Дубровник. „Дубровачки дневник“ наведува дека луксузната јахта е во сопственост на претседателот на фудбалскиот клуб Монако, Дмитриј Риболовјев.

Јахтата е долга 110 метри, а рускиот милијардер и го дал името по неговата ќерка Ана.

„Ана“ може да прими 18 гости и 36 членови на екипажот, има џакузи, базен, хелиодром. Јахтата е завршена во 2018 година и вреди 250 милиони долари.

Риболовјев е сопственик на компанија која произведува калиумски ѓубрива, а во 2011 стана претсефател на клубот Монако. Неговото богатство се проценува на 10,5 милијарди долари.