вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Момчето кое беше оставено да умре бидејќи селото мислеше дека е вештер, по 6 години се сретна со татко му – Еве како изгледа

ФОТО: Момчето кое беше оставено да умре бидејќи селото мислеше дека е вештер, по 6 години се сретна со татко му – Еве како изгледа

Ања Рингрен Ловен спаси момче од Нигерија кое беше обвинето за вештерство на 2-годишна возраст, а нејзините фотографии станаа вирални. Оваа жена од Холандија, која целиот свој живот го посветила на хуманитарна работа и спасување деца од племиња кои ги отфрлаат малите деца затоа што веруваат дека се вештери, го отворила центарот Земја на надеж, каде престојуваат напуштените деца кои добиваат соодветна грижа.

Сепак, во сеќавањето на многумина останаа врежани потресните фотографии од момчето Иква Ибом како таа му дава вода на улица. Години подоцна, еве што се случи со тоа момче.

Иква Ибом или попознат како Хоуп е повторно обединет со својот татко по шест години откако Ања го спасила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anja Ringgren Lovén (@landofhope)

Во 2016 година, фотографија на која таа клечи покрај мало, слабо момче од Нигерија, обвинето дека е вештер, стана вирална. Ања му дала вода и бисквити, а потоа го зела и го однела во болница. Ања мислеше дека нема да преживее.

-Кога го ставив во автомобилот, го погледнав мојот сопруг Дејвид и му реков дека тоа момче треба да го викаме Надеж. Не сакав да умре без име. Требаше да умре достоинствено”, рекла таа.

Шест години подоцна, истото момче повторно се соедини со својот биолошки татко. Средбата се случила лани.

Ања раскажала како го однела момчето да го посети татко му дома.

„Сакав селаните да бидат сведоци на неверојатната трансформација на тоа момче. Последен пат го вративме Надеж во неговото село во 2018 година, каде одржавме конференција и предавање за целата заедница. Овој пат Надеж беше повозбуден да се врати во своето село бидејќи повеќе разбираше, а потоа пред нас се појави неговиот вујко – братот на мајка му. Кога го спасивме Надеж во 2016 година, вујкото работеше во друга земја, па не ни знаеше што се случува со малото момче. Ни кажа и дека таткото на Надеж се вратил во селото откако бил отсутен со години. Одеднаш одевме кон куќата во која живееше Надеж за да го најдеме татко му таму – тоа беше надреално, објаснила Ања.

Таа раскажа како нејзиниот вујко рекол дека Надеж неверојатно личи на неговиот татко.

-Родителите на малото момче се разведени. Од безбедносни и правни причини не можам да навлегувам во детали. Но, ќе го кажам ова, таткото на Надеж беше многу изненаден што повторно го виде својот син. А Надеж само стоеше и гледаше во него. Кога стигнавме назад, момчето ми го зеде телефонот и беше толку возбуден да им покаже на другите момчиња како изгледа неговиот татко, исто како и другите деца кога ќе се вратат од дома.

Надеж нема да живее со својот татко или мајка од многу причини. Но, без разлика што се случило во минатото, децата треба да ги знаат своите корени. Децата треба да знаат од каде доаѓаат бидејќи тоа го создава нивниот идентитет. Надеж има право на идентитет. Да се ​​има идентитет е основно човеково право. Така ќе сфати кој е всушност. Надеж знае од каде доаѓа и веројатно никогаш нема да заборави што му се случи, напротив тоа знаење може само да го ослободи, изјави Ања.