Понекогаш за време на грмотевици на небото може да се забележат светлосни феномени кои со својата форма потсетуваат на џиновска црвена медуза.
Во јули, научник од опсерваторијата „Мек Доналд“ во Тексас снимил ретко видено црвено електрично празнење кое е наречено „црвен виленик“.
За разлика од обичните молњи, „црвениот виленик“ се јавува многу високо меѓу 50 и 90 километри над облакот со грмотевици. Имаат разни облици и видови на сјај, наведува Европската вселенска агенција.
„Црвениот виленик“ тешко се снима со камера, нивната појава трае само неколку милисекунди и често не се забележува со голо око, туку со посебни камери.
Фотографот Стефен Хумел, кој специјализирал снимање на ноќно небо, на 2-ри јули во Тексас успеал да сними спектакуларна фотографија на овој необичен светлосен феномен.
Хумел истакнал дека оваа година снимил 70 часа видеоматеријал и фотографии и “фатил“ околу 70 “црвени виленици“, а половината од нив биле за време на една олуја.
#ENVIRONMENTCLIMATE Magnificent Red Jellyfish Sprite Photographed During A Storm in Mount Locke https://t.co/NhiWKkpOIr pic.twitter.com/YkcbCXAPAm
— ScienceTimes (@ScienceTimesCom) August 17, 2020