Бразилски пар е прогласен за најнизок во светот и влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Катисиа Ли Хошино Барос и Пауло Габриел да Силва Барос се во брак шест години, а нивната вкупна висина изнесува 180 сантиметри.
Парот се запознал пред повеќе од 10 години, а на социјалните мрежи со следбениците споделуваат детали од нивното секојдневие.
Некои од работите со кои секојдневно се соочуваат се превисоките, за нив, тоалетни школки, но и неможноста да достигнат работи на полиците во продавниците.
-Кога се зборува за инклузија и достапност, луѓето мислат на параплегија или слични недостатоци. Џуџестиот раст речиси никогаш не се споменува. Затоа практично и нема пониски банкарски шалтери, прилагодени тоалети и слично, вели Пауло.
Пауло е професионален готвач, а неговата сопруга е козметичарка. Велат дека од нивните обожаватели секојдневно добиваат позитивни коментари и поддршка.
Тој за побарал за жена Катисиа во ресторан, а парот се венчал во 2016 година. Истата година добиле сертификат од Гинисовата книга на рекорди за најнисок пар во светот.