Паб во Англија за кој се смета дека е најстар, а работи 1.229 години сега се затвора поради финансиски проблеми кои се зголемиле по коронавирус пандемијата.
Актуелните сопственици на пабот „Ye Olde Fighting Cocks“ лоциран северно од Лондон, на социјалните мрежи објавија дека поради „предизвикувачкиот економски период“ нема да успеат да продолжат со работа.
-Заедно со тимот се обидов да направам се за пабот да опстане. Меѓутоа изминатите две години беа тешки за угостителството и не’ победија сите нас кои дадовме се од себе да обезбедиме овој повеќекртано наградуван паб да продолжи да работи и во иднина, напиша Кристо Тофали на Фејсбук.
Локалот бил отворен во 793 година, а наводно името по добил бидејќи во него се организирале борби со петли.