недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Постојано се слушало зуење, па ги отстранил тулите од ѕидот: Бил пречекан од страшна глетка

ФОТО: Постојано се слушало зуење, па ги отстранил тулите од ѕидот: Бил пречекан од страшна глетка

На никој не му е сеедно кога таинствено се слуша зуење од ѕидот на домот, а така им беше и на сопствениците на оваа куќа. За среќа, за помош се обратиле кај експерт од организацијата The Bartlett Bee Whisperer која се занимава со спасување и преместување на пчелите во Тенеси, Аркансас и Мисисипи.

Имено, пчелите успеале да се вовлечат во ѕид и во него да изградат големо гнездо кое ги изненади и професионалците, па целата постапка за спасување на пчелите беше документирана и на Фејсбук страницата.

-Кога ќе добијам повик ми се згрчува желудникот. Некогаш пчелите се наоѓаат на голема висина, а некогаш се работи за тули. Секогаш се обидувам минимално да им пречам на пчелите кога ги преселувам од некоја зграда, а особено не сакам да отстранувам тули. Што ако сè се сруши? Дали нешто ќе биде оштетено кога ќе ги отстранам тулите? Колку и да стравував навистина беше прекрасно да се погледне оваа кошница, а сопственикот беше и повеќе од среќен кога ги отстранив, рече експертот.