Маж кој целиот свој живот го помина трошејќи пари на пластични операции за да изгледа како џуџе и вонземјанин, планира нови зафати.
Луис Пардон има 26 години и доаѓа од Буенос Аирес, а до сега има потрошено 50.000 евра за многубројните пластични зафати, за да изгледа како футуристичко суштество.
-Со уши шпицови како на џуџе, зголемени очи и бела коса, Луис изгледа како да не припаѓа на Земјината топка. После последната операција, на која вилицата му била скршена на пет места, Луис е подготвен да подлегне на нови пластични зафати, пренесува Дејли Меил.
-Сакам да го намалам Адамовото јаболко и да направам операција на очите за да изгледам како мачка, вели Бразилецот.
Целиот свој живот го посветил на тоа да има футуристички изглед, а благодарејќи на бројните операции, во тоа речиси успеа. Луис изгледа како да не е од оваа планета.
-Кога бев тинејџер, дознав за ваквите суштества. Тие се совршени, бледи се и многу високи, имаат долга коса и големи очи. Внатрешно се чувствувам како футуристички лик и сакам да го прикажам тоа во јавноста. До сега имав околу 40 операции на кои потрошив 50.000 евра, вели тој.
Последната операција ја направи во Јужна Кореја, вилицата му била скршена на пет места, а од зафатот сè уште се опоравува.