среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Претставена првата Барбика со Даунов синдром

ФОТО: Претставена првата Барбика со Даунов синдром

Производителот на играчки Мател ја претстави првата Барбика со Даунов синдром во обид да ја направи својата популарна палета на кукли поинклузивна.

Во презентацијата, од Мател истакнаа дека соработувале со Националното здружение за Даунов синдром во Соединетите американски држави за да создадат кукла, која има пократко тело и подолго торзо од другите Барбики.

-Лицето на новата кукла е исто така позаоблено во форма, со очи во облик на бадем, помали уши и рамна носна коска. Дланките на куклата вклучуваат дури и линија, карактеристика што често се поврзува со луѓе со Даунов синдром, објаснија од Мател.

Куклата е облечена во фустан со пуфнати ракави украсени со пеперутки и цвеќиња во жолта и сина боја – бои поврзани со свесноста за Даунов синдром.

-Нашата цел е да им овозможиме на сите деца да се видат себеси во Барби, истовремено охрабрувајќи ги децата да си играат со кукли кои не личат на нив, рече Лиза Мекнајт, извршен потпретседател и глобален шеф на Barbie & Dolls, Мател.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MATTEL (@mattel)