четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Сопственик на фризерски салон и’ го продал на вработената за еден долар

ФОТО: Сопственик на фризерски салон и’ го продал на вработената за еден долар

Пио Императи, сопртвеник на ценет фризерки салон кој го носи неговото име, ризикувал и ја вработил фризерката Кати Мура штом го завршила средното занаетчиско училиште пред 15 години.

Таа работела толку добро што Императи и го продал салонот во Њу Хејвен за само еден долар.

-Таа е добра фризерка, многу е фина. И го продадов салонот за еден долар за да останеме пријатели, вели Императи.

Иако Мура ќе плаќа ќирија, таа заштедила десетина илјади долари кои нема да ги плати како такса за купување на салонот, а нема да плати ниту за опремата, залихите во роба и клиентите.

Императи кој има 79 години и натаму работи во својот поранешен салон, но сега само како надворешен соработник.

Мура која има 32 години, вели дека никој не сакал да ја вработи кога завршила училиште бидејќи немала искуство. Контактирала еден од наставниците и како помош го добила бројот на Императи. Тој и неговата сопруга ја викнале на проба и потоа ја вработиле.