вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Срушен рекорд, Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

ФОТО: Срушен рекорд, Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Авионите станаа вообичаено превозно средство дури и помеѓу дестинации кои не се далечни, а некои летови траат помалку од еден час.

Неодамна беше срушен интересен рекорд, а објавена е фотографија на која се гледа состојбата на небото во текот на целиот ден.

-Првпат Flight Radar забележа повеќе од 250 илјади летови во еден ден, поточно, имало рекордни 251.829. Во еден момент во воздухот имало повеќе од 20.000 авиони во исто време, се наведува во соопштението.

Инаку, Flightradar24 е веб-страница која ги прикажува летовите на авионите низ светот во реално време, а се ажурира на секои неколку секунди.