„Бубата“ која Кетлин Брукс ја купила на 12. декември 1966. године ја нарекла Ени, а од тогаш тие две се неразделни цели 52 години.
Кога Волксваген слушнале за овој случај, одлучиле целосно да ја реставрираат Ени.
-Со мене беше низ мојот брак и развод. Во купувањето на куќата, почетокот на мојата работа, промената на неколку работни места, борбата со ракот на дојката. Секаде беше со мене и помина над 720.000 километри, вели Кетлин.
Низ шега сопственичката на автомобилот вели дека Ени е иста како неа.
-Спора е на угорнина и подобро работи кога е студено времето, вели сопственичката.
Кога Волксваген дознале за нивниот однос, одлучиле да ја наградат за верност, а организиран е тим од 60 лица од фабриката во Мексико (каде последната, вистинска „Буба“ со воздушно ладење е направена во 2003 година), да извршат реставрација на Ени.
Тимот ја спровел неверојатната трансформација, се со цел Кетлин да може да го користи автомобилот додека сака.
Направени биле голем број унапредувања кои ќе и го олеснат возењето. Вградени биле диск-сопирачки на сите четири тркала, моторот бил преработен и зголема е моќноста на 1.600 кубика, ауспухот е од не’рѓосувачки челик, има електронско палење, но и многу други работи.