Во Египет, во некропола во близина на Каиро, пронајдени се 59 добро сочувани саркофази, стари повеќе од 2.600 години.
Египетскиот министер за туризам и антиквитети Калид Ал-Анани изјави дека саркофазите се пронајдени во многу добра состојба, пренесува Ен Би Си.
Група свештеници и високи функционери од доцниот период на стар Египет се закопани во ковчезите.
На снимките објавени од Министерството се гледаат шарени саркофази украсени со древни египетски хиероглифи.
Пронајдени се и други артефакти и најмалку 28 статуи.
Ал-Анани рече дека артефактите се одлично зачувани и дека ќе бидат изложени во Големиот египетски музеј следната година.