Маж кој од библиотека во германски град позајмил книга, ја вратил 60 години по истекот на рокот за враќање.
Книгата на адреса на библиотеката стигнала во пакет пратен од југот на Франција заедно со писмо напишано рачно, долго две страни, објави управата на библиотеката.
Од библиотеката додаваат дека на поранешниот член нема да му ја наплатат заостанатата казна.
Во писмото, денеска 81 годишниот член на библиотеката во Манхенгладбах бара „илјада пати прошка“ поради доцнењето во враќањето на книгата.
Неименуваниот маж пред 60 години ја позајмил книгата на Фридрих Енгелс.
-Градската библиотека е среќна поради враќање на својот имот. Сега можеме да го прецртаме насловот од долгата листа исчезнати книги, се наведува во соопштението.
Од крајот на Втората светска војка од оваа библиотека исчезнале повеќе од 850 книги.