Фотографот Џордан Анаст направил неверојатна фотографија за време на натпревар во сурфање во Калифорнија, Соединетите Американски Држави.
Фотографот Анаст успеал со својот фотоапарат да сними неверојатна слика која брзо станала вирална. На сликата е фатен професионалниот сурфер Тајлер Ворен, во момент кога зад не од океанот се појавува ајкула.
Ајкулата само накратко се појавила надвор од водата, но тоа било доволно за тој да направи историска фотографија за која зборува целиот свет.
Анаст е фотограф кој повеќе од 20 години ги покривал повеќето спортски настани во Калифорнија, но според него ниту една фотографија никогаш не добила вакво внимание.
Сурферот не знаел што се случува зад него додека сурфал.