петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Заштитениот споменик Куќа во куќа ги фасцинира туристите, крие легенда која ја раскажуваат мештаните

ФОТО: Заштитениот споменик Куќа во куќа ги фасцинира туристите, крие легенда која ја раскажуваат мештаните

Необична камена куќа во куќа на островот Брач ​​со години привлекува внимание. За необичната куќа има интересна легенда која мештаните ја раскажуваат со години.

Легендата вели дека куќата настанала кога тројца браќа од семејството Вуковиќ се ожениле со три Шпанки и решиле да изградат голема куќа на нивната земја.

Меѓутоа, веќе постоела куќа која ја изградил локалниот земјоделец Марко, кој го добил прекарот Сила.

Имено, Марко Сила поседувал големо парче земја, но бидејќи имал и големи долгови кои не можел да ги врати, дел по дел од земјиштето го продавал на Вуковиќ, се до момент додека не го имал само земјиштето на кое се наоѓала неговата куќа, а кое било во средина, опкружено од останатите парчиња земја.

Браќата му понудиле на Марко да ја купат куќата, но тој одбил. Браќата потоа побарале помош од локалните власти, но Марко не сакал да се откаже и наводно дури и му се заканил на градоначалникот со смрт.

Кога Марко побегнал од страв од одмазда, браќата почнале да градат ѕидови околу неговата куќа. Додека пловеле во Венеција за да набават градежни материјали, ги фатило невреме и сите загинале во бродолом. Бидејќи немале наследници, Марко се вратил да живее во својата стара куќа, опкружена со ѕидовите на една недовршена куќа која и денес ги фасцинира сите посетители на Бол.

Палоц или Куќа во куќа, како што се нарекува денес, исто така е заштитен споменик на културата.