понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Французин започна неверојатен подвиг: Ќе го преплива Тихиот Океан, причината ќе ве воодушеви

Французин започна неверојатен подвиг: Ќе го преплива Тихиот Океан, причината ќе ве воодушеви

Францускиот пливач Бен Лекомт се обидува да стане првата личност која ќе го преплива Тихиот Океан, а во оваа авантура тргнал од Јапонија.

Педесет и едно годишниот Лекомт ќе плива по 8 часа дневно во наредните повеќе од 6 месеци кон американскиот западен брег.

На тој пат ќе се соочи со многу предизвици како ајкули, бури и екстремно ниски температури на водата, пренесува Би-Би-Си.

Тој се надева дека ќе ја подигне свеста за климатските промени, а тим на научници ќе врши истражжување за време на неговото пливање кое е во должина од 9.000 километри.

Научниците ќе ги проучуваат остатоците од пластика, ефектите на екстремното напрегање на срцето и на кој начин оштетената јапонска нуклеарна централа Фукушима влијае на океанот.

Лекомт, кој живее во САД, се подготвувал со пливање во отворена вода секој ден по неколку часа, а имал и вежби за визуелизација и дисоцијација за да биде ментално подготвен.

Подготовките траеле повеќе од шест години, а тој вели дека за оваа цел размислувал многу подолго.

Лекомт кој во 1998 година го преплива Атланскиот океан се надева дека своите деца следен пат ќе ги види во Сан Франциско по поминати 9.100 километри за што ќе му бидат потребни повеќе од шест месеци.

Францускиот пливач истакнува дека планот е секој ден да плива по 8 часа и да потроши 8.000 калории.