вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Генијален план: Бабуни побегнале од лабораторија- еве на кој начин

Генијален план: Бабуни побегнале од лабораторија- еве на кој начин

Група бабуни побегнале во саботата од лабораторија на Институтот за биомедицински истражувања во Тексас користејќи буре од 200 литри.

Мајмуните се наоѓале на отворен простор, опкружен со ѕидови кои ги спречувале за да побегнат. Сепак, она на што истражувачите не сметале, било дека бабуните може да искористат буре за да се качат на врвот на ѕидот и да скокнат.

Меѓутоа, нивната слобода трела кратко, со оглед на тоа што биле фатени во рок од половина час.

Во Институтот во моментот се користат 1.100 бабуни за проучување на хронични и инфективни болести како ебола, маларија и ХИВ.

Институтот соопшти дека локалните жители не биле загрозени, со оглед на тоа што мајмуните биле дел од активни студии, но и оти животните се во добра состојба.