Често вапцањето јајца завршува и со боја на прстите.
Бојата измијте ја додека е свежа и тоа неколку пати пред кожата да ја впие.
Потоа земете парче ткаенина, натопете ја во оцет и добро истријте го офарбаното место. Ткаенината ќе ја впие бојата.
Ако имате многу боја на рацете, направете раствор од сода бикарбона и оцет и нанесете на офарбаното место. Потоа добро измијте ги рацете.