Со консумирање на храна која е богата со витамин Д го чувате здравјето на вашето срце.
Витаминот Д е потребен за здрави и силни коски бидејќи му помага на организмот да го апсорбира калциумот од храната и суплементите. Калциумот е важен минерал којшто има клучна улога во здравјето на коските. Тој помага и за одржување на здравјето на срцето, мускулите, нервите и забите. Поради тоа, консумирањето на доволно количество на калциум е особено важно за правилното функционирање на целиот организам.
Намирници кои содржат голема количина на витамин Д се сирење, туна во конзерва, јајца, лосос, харинга, сардина.
Луѓето коишто недоволно внесуваат витамин Д во телото може да имаат проблем со коските, состојба позната како рахитис кај децата, односно остеомалација кај возрасните.
Новото истражување опфати 1.514 мажи и 1.528 жени од околината на Атина во Грција, а податоците поттекнуваат од периодот помеѓу 2001 и 2012 година.
Заклучокот е дека оние коишто не јадат храна богата со витамин Д имаат поголем процент за кардиоваскуларни заболувања и мозочен удар и тоа околу 24% кај мажите и 14% кај жените.
Зголемениот внес на витамин Д во исхраната го чува здравјето на вашето срце, особено кај мажите. Суплементите со витамин Д имаат огромно влијание на вашето здравје.