четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Глетка која ќе ве остави без здив: Падна портокалов снег (ФОТО+ВИДЕО)

Ваков феномен имало и во 2007 година, кога мистериозниот портокалов снег паднал на три региони во јужен Сибир.
Глетка која ќе ве остави без здив: Падна портокалов снег (ФОТО+ВИДЕО)

Прашината од песочната бура во Сахара доведе снегот во источна Европа да се обои портокалово, со што планинските региони во Украина, Русија, Бугарија и Романија се претворени во пејзажи слични на Марс.

Се верува дека необичните пејзажи се создадени од мешавина на честички од песок, прашина и полен, кои се помешани и собрани од бурите во северна Африка. Според метеоролозите, феноменот се јавува приближно на секои пет години.

Ски центрите во Русија и Романија се прекриени со прашина и песок од песочните бури во северна Африка.

-Со тоа што песокот се крева во погорните нивоа на атмосферата, се дистрибуира на друго место.“- вели Стивен Китс од временска прогноза на британската метеоролошка станица, за Гардијан .

На фотографијата од рускиот ски-центар Сочи се гледаат скијачите кои се спуштаат по портокаловите падини под портокалово небо.

Едно лице напиша „Марсовски пејзаж, Апокалипса денес.“

Ваков феномен имало и во 2007 година, кога мистериозниот портокалов снег паднал на три региони во јужен Сибир.