Според новиот индекс на милијардери на „Блумберг“, најбогатиот човек денес, со повеќе од 105 милијарди долари, е Џеф Безос.
Со ова, тој го надмина досега најбогатиот човек на светот, Бил Гејтс, кој никогаш не ја достигал таа бројка на своето конто. Тоа најмногу се должи, како што коментираат познавачите, на неговата добротворна дејност. Официјалните бројки говорат дека од 1996 година досега, Гејтс дал 2,9 милијарди долари во хуманитарни цели. Доколку тоа не беше случај, тој денес „ќе тежеше“ најмалку 150 милијарди долари, според проценките.
Филантропијата на Безос пак, е доста „поскромна“. И тој дарува милиони долари, на пример на Центарот за лекување рак во Сиетл, но и на Универзитетот во Принстон, каде што студирал и ја запознал својата сопруга.
Безос е основач и на компанијата Блу Ориџин, чија долгорочна цел е преместување на тешката индустрија во Вселената, со цел да се намали загадувањето на планетата Земја.