Мајкл Коропис бил многу збунет од фотографијата за која прво мислел дека е негова. Наскоро сфатил дека на фотографијата не е тој, туку човек фотграфиран пред 115 години.
24-годишниот од Стокпорт вели дека некој му испратил фотографија на Инстаграм затоа што мислел дека станува збор за него.
„Бев изненаден кога сфатив дека не сум јас. Имаме иста коса, иста форма на лице, нос и стил на облекување“, рече тој.
За да се увери дека фотографијата не е лажна, тој се фрли во потрагата и откри дека е направена пред 115 години. Уверен е дека тоа е неговиот двојник, маж во раните дваесетти години, кој позира гледајќи ја својата нова сопруга.
Инаку, Мајкл се вози низ градот на стар велосипед, пишува со перо наместо со пнкало и одбива да гледа телевизија, а сега верува дека овие интереси потекнуваат од неговиот минат живот. Од човекот на фотографијата.
Цел живот знаел дека се издвојува од другите. Тој одбива да живее во модерно време. Сега, чудно за многумина, но тој е уверен дека живеел и пред 115 години, а сега ова му е втор живот.
Вели дека сега му е јасно зошто се облекува во стилот на минатите децении и векови, зошто не сака да ја следи технологијата, зошто обожава антиквитети…