Во второто полуфинале во музичкото хрватско шоу „Супер талент“ како гостинско изненадување се појави токму натпреварувачот кој претходно во студиото го шокираше жирито и публиката.
Откако во неколку емисии претходно тој гол само со својот полов орган нацрта ремек дело, овој пат преку видео порака се вклучи директно пред малите екрани и се пофали за неговото ново ремек дело- овој пат ја наслика пејачката Маја Шупут и ги остави сите во студиото без текст.
Тој не можеше да дојде во студиото, но на пејачката и испрати подарок кој ги воодушеви сите,а преку видео снимка им се обрати и на останатите членови на жирито.
Во хрватска тој откако се појави првиот пат во ова шоу стана популарен, а самиот тврди дека оваа техника на цртање само со пенисот е многу болна.
Неговиот пенис е веќе осигуран, но вреди многу помалку од ногата на Бекам или задникот на Џенифер Лопез.