среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Грешка што ја прават многу луѓе: Ако вашата облека и покрај ОМЕКНУВАЧОТ не мириса, тогаш направете го ОВА

Грешка што ја прават многу луѓе: Ако вашата облека и покрај ОМЕКНУВАЧОТ не мириса, тогаш направете го ОВА

Обрнете внимание на овие ставки

Многу луѓе мислат дека перењето алишта е лесно, но тоа не е вистина. Постојат голем број работи кои можат да ви попречат наместо да ви помогнат правилно да ја завршите оваа работа.

Често ви се чини дека колку омекнувач и да ставите на облеката, таа сепак не мириса добро, ова се најчестите грешки:

Температура

Облеката ќе ја задржи формата и бојата подолго и ќе се истроши побавно ако ја перете на пониски температури. Дополнително, топлата или ладната вода може да се справи со нечистотијата исто како и врелата ако имате добар детергент. Само предмети како постелнина може да се перат на 90°C за дезинфекција. Сè друго може да се пере на пониски температури.

Премногу детергент или омекнувач

Вишокот детергент може да го затне дозерот за детергент и да предизвика непријатни мириси, а премногу омекнувач го отежнува перењето на облеката. Внимателно прочитајте ги дозите наведени на пакувањето и не заборавајте да ја користите мерната чаша. Ако алиштата ви се многу валкани извршете два циклуса.

Неправилното сушење влијае на вашата облека исто толку неповолно како и неправилното перење. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги избегнете овие грешки:

-Немојте премногу да користите автоматско сушење бидејќи тоа прави вашите работи побрзо да се истрошат и обезбојат. Не користете го на деликатна ткаенина.

– Не обесувајте плетени и волнени предмети бидејќи ќе ја изгубат формата.