четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

„Гучи“ се извини за волнениот џемпер од 890 долари

„Гучи“ се извини за волнениот џемпер од 890 долари

Познатиот моден бренд „Гучи“ се извини за волнениот џемпер, чија цена е 890 долари, кој наликува на „црномуресто лице“ и соопшти дека производот е повлечен од онлајн понудата и од продавниците.

Во соопштението, „Гучи“ вели дека е посветен на разновидноста и смета оти тоа е „темелна вредност која треба целосно да се поддржи, да се почитува при секоја одлука, која се носи”.

Џемперот од црна волна го покрива носот и има црвен израз на уста, што на социјалните мрежи беше исмејувано како нечувствителна и расистичка работа.

-Сметаме дека разновидноста е темелна вредност што треба да ја негуваме и почитуваме, и секоја одлука, која ја носиме треба да ја темелиме на тоа. Ние сме целосно посветени на почитување на различноста во нашата организација и претворање на овој инцидент во една лекција за целиот колектив на Гучи, тврдат од италијанскиот моден бренд.