Откако германската телевизија NDR со седиште во Хамбург објави прилог за љубовта на Балканците кон тренерките, Црногорците не им останаа должни.
Во прилогот „Големо враќање на тренерките“, во кој се алудира на големиот тренд од деведесеттите години да се носат тренерки во секоја пригода, Црногорците враќаат саркастично со фотографии од Германци во бермуди и сандалки со чорапи, а и со фото од Мона Лиза со горна тренерка, погледнете.