Рибар, кој ловел риба вчера на езерото Харлем Мир во Централ парк во Њујорк, наместо риби од езерото извадил мртво тело.
Луис Кастор вели дека сфатил дека станува збор за човечко тело веднаш штом почнал да ја влече јадицата.
– Мислев дека видов дух. Куката ми заглави. Кога се замота, видов како излегува нога од езерото, а потоа и остатокот од телото – рече Кастор, пренесува Sky News.
Тој и другите рибари повикале полиција, која го зела телото. Се верува дека жртвата е маж на возраст од околу 30 години од Харлем, кој претрпел некаква рана на главата, но причината за смртта сè уште не е утврдена.