Меѓународен тим научници открија околу 1.000 гени поврзани со интелигенцијата, кои досега не и беа познати на науката, објави „Сајенс Алерт“.
Сеопфатното генетско истражување околу проблемите со човечкиот интелект открило 190 нови локации и 939 нови гени поврзани со тоа. Студијата опфатила 270.000 лица со европско потекло, кои биле подложни на неврокогнитивни тестови за проценување на нивниот интелект. Потоа податоците биле споредени со варијациите на ДНК-та на учесниците, па така биле идентификувани гените што ја одредуваат интелигенцијата.
Од девет милиони откриени мутации, тимот идентификувал 205 предели во ДНК кодот, од кои само 15 биле претходно изолирани. Од специфичните 1.016 гени, само 77 биле познати за науката.
МИА