Роботот Spot на американската компанија Boston Dynamics веќе е познат и ги има докажано своите можности, а сега една новозеландска компанија ја тестира неговата примена во сточарството. Поточно, чување овци.
Компанијата Rocos смета дека роботот Spot со своите способности и напредна технологија би можел да биде од голема помош кога станува збор за чувањето на овци на тешко достапните места.
За време на тестирањето, роботот „шеташе“ низ неистражени подрачја на Нов Зеланд, со тоа што од Boston Dynamics ја надгледуваа неговата работа преку посебен кориснички интерфејс кој го разви Rocos.
Ова би им овозможило на сточарите од далечина да ги надгледуваат своите стада и нивната локација, а роботот може да ги алармира доколку дојде до некаква непредвидлива ситуација.