Игуаните на Бахамите почнале да имаат повисоко ниво на шеќер во крвта поради екотуристите кои ги хранат со грозје, велат научниците и предупредуваат дека не се знае како тоа би можело да влијае на здравјето кај овие чувствителни влекачи.
Игуаните станале толку многу зависни од ова овошје, што веднаш се појавуваат на плажа што ги слушнат туристичките бродови.
-За организаторите на туристичките обиколки тоа е одлична прилика за дополнителна заработка. Да им ги покажат овие животини, а туристите да остварат близок контакт со нив, вели Чарлс Кнап.
Конзерваторите на природата се загрижени поради поради ваквото хранење на игуаните, тие се помалку се плашат од луѓето и стануваат подостапни за криумчарите на животни.
Сепак оние кои внимателно ги анализираат игуаните почнале да се сомневаат дека ваквиот начин на исхрана предизвикува и други проблеми, а траги од тоа биле најдени во нивниот измет.
Високото ниво на шеќер, ги загрижува научниците, а засега не е познато како тоа влијае врз нивното здравје.