Околу 350 милиони запалки секоја година завршуваат во природата, а се распаѓаат за 100 години. Не ги чувајте запалките кои не можат да се користат, но знајте дека тие не смеат да се фрлаат во пластични канти за рециклирање.
Ако сте пушач, користете ги оние запалки што може да се полнат за да не создавате премногу отпад.
Избегнувајте еднократни колку што е можно повеќе. Кибритите се исто така поисплатливо и поеколошки решение. Ако користите запалки најчесто за цигари, откажете се од пушењето. Ова, покрај на природата, ќе ви помогне и навас за целокупното здравје, но и за вашиот изглед.
Имено, секој пушач е голем загадувач на животната средина, од едноставна причина што во белите дробови вдишува помало количество чад од цигари, а најголемиот дел од него слободно се шири и лебди во својата околина.
Овој чад ја загадува атмосферата, отпушоците од цигари често предизвикуваат шумски пожари и создаваат отпад кој тешко се распаѓа.