вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

„Имам 42 години и до сега сум живеела во лага“- најпознатата кукла на светот половина век криела голема тајна (ФОТО)

„Имам 42 години и до сега сум живеела во лага“- најпознатата кукла на светот половина век криела голема тајна (ФОТО)

Социјалните мрежи овие денови се изненадија од фотографија која ја објави официјалната страна на најпознатата кукла на светот Барби.

Имено половина век откако е создадена најпознатата кукла на светот со која израснаа многу генерации откриена е една голема тајна во врска со неа, а тоа е дека таа освен своето име Барбара има и второ име Милсент како и презиме Робертс.

Барби предизвика големо внимание откако на официјалниот профил на Твитер на сите им го честиташе националниот ден на браќата и сестрите.

-Среќен национален ден на браќата и сестрите ви посакуваат сестрите Робертс, стои во објавата која ги збуни обожавателите.

-Барбара има име и презиме? Од кога тоа? Имам 42 години и до сега сум живеела во лага, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.