Сè што ви треба за да ги отстраните дамките од дезодоранси е детергент за садови и мала крпа.
Некогаш можеме да се ослободиме од дамките само ако ги поминеме со рацете и ги истресеме, но понекогаш е потребно повеќе труд бидејќи се потврдоглави.
Но, и за тоа има решение и можеме да ги отстраниме со помош на нешто што веќе го имаме дома – детергент за миење садови и мала крпа.
Треба да земете крпа и да ја намокрите со ладна вода, а потоа да ја исцедите. Потоа, додадете неколку капки детергент и нежно втријте го на дамките додека не се отстранат.
Исплакнете ја крпата и повторно поминете преку извалканите места за да го отстраните вишокот детергент. Се препорачува тоа парче облека да го оставите за некоја друга прилика и да облечете нешто суво и чисто.
Не го сушете со фен, бидејќи комбинацијата на топлината и хемикалиите од дезодоранси и детергент може да предизвика пожар. Ако дамките од дезодоранс се постари, нанесете го детергентот директно на дамката и тријте со четка за заби. После тоа, измијте го тоа парче облека во машина за перење.