Резултатите од едно необично истражување привлекоа големо внимание
Без разлика што самите жени велат дека големината на машкиот полов орган не е пресудна во интимните односи, за должината секогаш ќе се зборува.
Постојат стотици теории за тоа како да се процени колку е надарен еден маж.
Некои се убедени дека „клучот“ е должината на носот, други тврдат дека пресудна е големината на машкото стапало“.
Меѓутоа, една нова студија наведува дека вистината лежи во сосема поинаков дел од телото.
Студијата спроведена во Јужна Кореја покажа дека мажите чиј показалец е сличен по должина на нивниот домал прст најверојатно се надарени.
Мерејќи ја должината на овие два прста кај 144 доброволци, а потоа и на нивните пениси, дошле до резултат дека најдолгиот полов орган е кај мажите чиј показалец и домал прст се речиси иста должина.
Од друга страна, најмалку надарени се оние кај кои разликата во должина помеѓу овие два прста е голема.
Ако се прашувате каква врска има должината на прстите со должината на пенисот, научниците објаснуваат дека нивото на тестостерон додека бебето се уште е во стомакот ја одредува не само должината на целиот орган, туку и должината на прстите, особено на десната рака.
Што мислите? Дали големината на прстите навистина има некаква врска со должината на гениталиите?