Боинг 737 Макс, е модел на авион кој во две несреќи однесе 300 животи, а произведен е при брзање на компанијата Боинг да ја престигне конкуренцијата.
Сега се води истрага за тоа дали притоа се занемарени некои клучни безбедносни проблеми, како и додатна обука на пилотите.
Како што пишува Њујорк Тајмс, во 2011 година, шефовите на Боинг, соочени со можноста Американ ерлајнс да купи стотици авиони од Ербас, се откажуиваат од одејата за развој на нов модел на летало, за што би им требала цела деценија, и се одлучуваат да го осовременат 737 во рок од 6 години.
Сега, тоа брзање да се направи 737 Макс, се заканува да ја загрози репутацијата и профитот на компанијата.
Во почетокот Боинг не биле многу загрижени поради најавениот нов модел А320нео.
Во седиштето на Боинг секторот на патнички авиони во Вашингтон, процениле дека тој авион е скап и неконкурентен.
Сметале дека не треба веднаш да се реагира, туку дека треба да се почека крај на деценијата и на пазарот да се пласира целосно нов модел на авион.
Боинг, инаку долго немал причина да се грижи поради европската конкуренција.
Но, од крајот на 90-те се повеќе ниско буџетни компании купувале А320,. за Ербас од 2005 година да ја преземе продажбата.
Алармот се вклучил кога се појавила можноста еден американски авиопревозник својата флота да ја наполни исклучиво со авиони на Ербас.
Така почнала жестоката трка. Инженерите биле притискани со кратки рокови, а работниците премесувани во други сектори, а притоа буџетот бил ограничен.
Сегашните и поранешните вработени во Боинг, велат дека и покрај брзањето, немаат сомнение во квалитетот на проектот. За да го стигне Ербас, Боинг морал на 737 Макс да му стави појак и поголем мотор, што со себе повлекло низа измени.
Се испоставило дека таквите измени, односно новиот систем се нашол во фокус на истрагата при последните авионски несреќи.
Компанијата е под се поголем притисок бидејќи авиопревозниците размислуваат да се откажат од нарачките или да бараат отштета.
Боинг во моментов произведува 50 модели 737 Макс месечно