Луѓето ширум светот на Интернет пребаруваат дестинации за одмор, по рестриктивните мерки поради пандемијата, во надеж дека следната летна сезона ќе биде помалку проблематична, а желбите на туристите се различни, па така Италијанците сакаат да одат на Малдиви, Шпанците и Турците во Италија.
Компанијата Куони ги претстави најпопуларните дестинации за одмор во 2021 година и тоа врз основа на податоците од услугата трендови на Гугл.
Италијанците, Британците, Полјаците, Романците и Бугарите сонуваат за Малдиви, Американците и Канаѓаните едвај чекаат да заминат во Јапонија, а Русите за Мексико.
Србите и Хрватите сакаа да одат на Бали, Албанците во Катар, Словенците во Египет, а Украинците во Шпанија.
Според истражувањето спроведено во 131 земја, Малдиви, Мексико и Бали се најпопуларните дестинации за Европејците, а на глобално ниво Обединетите Арапски Емирати, Канада, САД, Катар и Египет. (МИА)