Андреа Мацето пешачел минатата сабота со својата партнерка Сара Браганте, во Роцо, Италија.
Во еден момент застанале да се фотографираат, но потоа на 30-годишникот му паднал мобилниот телефон и тргнал по него да го земе. Се лизнал и паднал во бездна.
Полицијата потврдила дека Андреа изгубил рамнотежа и паднал од работ на карпата, во бездна длабока 200 метри.
Спасувачките служби набрзо пристигнале на местото на настанот, со два хеликоптери и тим пожарникари, но кога го пронашле Мазета, тој веќе бил мртов, пишуваат локалните медиуми.
По неговата смрт, Сара ја споделила нивната последна фотографија на Инстаграм: „Нашата проклета последна заедничка фотографија. Секогаш ќе бидеш со мене, моето мало мече“.