петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Италијанец доби 15-та диплома на 91 година: Јас сум најстариот студент на светот, но сега престанувам

Италијанец доби 15-та диплома на 91 година: Јас сум најстариот студент на светот, но сега престанувам

Италијанецот Леонардо Алтобели ја доби својата 15-та диплома и одлучи дека е време конечно да ги заврши студиите.

Овој 91-годишен пензиониран лекар вели дека сега ќе се посвети на пишување книга за својот живот.

-Јас сум најстариот студент на светот, но по оваа диплома ќе престанам бидејќи би сакал да оставам за идни спомени што сум правел и зошто сум го правел тоа, рече тој по добивањето на 15-тата диплома.

Алтобели бил лекар по семејна медицина до седумдесетгодишна возраст, но и градоначалник на родниот град Троја, во близина на Фоџа.

Меѓу другите негови 14 универзитетски дипломи се дипломи на право, политички науки, италијанска книжевност, филозофија, педагогија (двапати), аграрна наука, наука и технологија за храна, туризам, историја, биотехнологија, археологија и последната е магистер по криминологија.

„Сега ќе се посветам на пишувањето. Им велам на младите да го сакаат тоа што го работат. Да ја прифатат својата работа и да ја работат со насмевка и смирено. Отсекогаш сум чувствувал страст за стекнување нови знаења и затоа се нарекувам себеси „ студент на светот“, заклучи Алтобели.